Политика

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

17.05.2024 17:21

Таравари е оптимист дека финален договор за формирање Влада ќе биде постигнат до петок.

Претседател на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање Влада рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

„Јас верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите“, рече Таравари.

Таравари е оптимист дека финален договор за формирање Влада ќе биде постигнат до петок.

„Во моментов е многу позитивна атмосфера, има разбирање од двете страни и многу сум оптимист дека до петок, ќе го имаме финален договор за идната влада“, изјави Таравари.

Во однос на случувањата во Управниот суд за донесување на решението за прегласување, Таравари рече дека претседателот на Управниот суд врши притисок врз судиите.