Македонија

Средба на раководството на СВР Скопје со претставниците на мисијата на ОБСЕ

17.05.2024 16:23

На средбата беше потенцирана успешната соработка која СВР Скопје ја имаше со мисијата на ОБСЕ во Скопје за целиот период на претседателските и парламентарните избори 2024 година.

Раководството на СВР Скопје денеска оствари работна средба со претставниците на мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

На средбата беше потенцирана успешната соработка која СВР Скопје ја имаше со мисијата на ОБСЕ во Скопје за целиот период на претседателските и парламентарните избори 2024 година.

Раководството на СВР Скопје изрази голема благодарност за ангажманот и присутноста на ОБСЕ според договорената агенда во текот на одржувањето на изборите, соопштуваат од МВР.