Управен суд
Одбиена тужбата на Европски фронт за избирачкото место 1470 во Долнени
17.05.2024 19:07
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите се оформени предмети и закажани во текот на денешниот ден.

Управниот суд денеска ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија“ за избирачкото место 1470 во Долнени.
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите се оформени предмети и закажани во текот на денешниот ден.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194 во Општина Крушево.
