Регион
Судир меѓу патнички и товарен воз во Србија, има повредени
17.05.2024 20:16
Според првичните информации има повеќе повредени.
Судир меѓу патнички и товарен воз се случил во тунел во близина на Белград, пренесуваат српските медиуми. Според првичните информации има повеќе повредени.
Од Итната помош потврдиле дека дошло до судир и дека на терен се испратени сите расположливи екипи, но сè уште нема прецизни информации за бројот на повредени и нивната состојба.
Фото: РТС
