Одбиени три, Управен треба да одлучува уште по четири тужби
Управниот суд треба да расправа и за избирачкото место 2101 во Желино и 1844 во Струга. Подоцна треба да започне јавната расправа по тужбата за избирачкото место 1272 во Охрид, како и за избирачкото место 1470/1 во Долнени.

Управниот суд денеска ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија“ за избирачкото место 1202 во Крушево на парламентарните избори 2024 година.
Ова е трета одбиена тужба, по претходните две денешни одлуки на Управен со кои ги одби како неосновани тужбите за избирачкото место 1194 во Општина Крушево и избирачкото место 1470 во Долнени.
Управниот суд треба да расправа и за избирачкото место 2101 во Желино и 1844 во Струга. Подоцна треба да започне јавната расправа по тужбата за избирачкото место 1272 во Охрид, како и за избирачкото место 1470/1 во Долнени.
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани јавни расправи во текот на денешниот ден.
