Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

18.05.2024 08:35

Попладне и кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме.