Се поизразен е проблемот со недостиг на лекари специјалисти
Да се изготви база на податоци кои ќе покажат каде, колку и какви лекари специјалисти недостигаат и да се изготви план за решавање на проблемот, бараат лекарите од идниот министер за здравство. Здружението на приватни лекари предлага намалување на времетраењето на специјализациите. Болниците се соочуваат со недостиг на специјалисти од скоро сите области …

Во приоритетите на новиот Министер за здравство треба да биде стратегијата за решавање на недостигот од специјалисти во болниците, бараат лекарите, велат одливот на кадар но и слабиот интерес за специјализации кои не се доволно ценети, не доведе во состојба здравствениот систем да не може да одговори на барањата на пациентите. Недостигаат специјалисти по патологија, медицина на трудот, биохемичари.
Во болницата во Штип која опслужува регион од околу 200 илјади жители, има само тројца анестезиолози. Ова е проблем со кој се соочува здравствениот систем во цела држава.
За решавање на проблемот Здружението на приватни лекари предлага намалување на времетраењето на специјализациите.
Чолакова вели дека недостигот на специјалисти за некои болници може да значи губење на акредитација, бидејќи според стандардите не може болничко одделение да работи само со еден доктор.
Славица Величковска
