мвр

123 санкционирани возачи во Скопје

18.05.2024 11:10

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 санкција, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.