Украина
Тешки борби во регионот Харков
18.05.2024 09:53
Во изминатите 24 часа е регистриран 101 воен судир. Руските сили извршиле 15 ракетни напади, 70 воздушни и 452 со беспилотни летала камикази...

Врховниот командант на вооружените сили на Украина предупреди дека претстојат тешки борби во регионот Харков. Во изминатите 24 часа е регистриран 101 воен судир. Руските сили извршиле 15 ракетни напади, 70 воздушни и 452 со беспилотни летала камикази. Германија побара да се испрати оружје со долг дострел во Киев поради драматичната ситуација на фронтот.
Од друга страна, рускиот претседател Путин изјави дека московските сили во областа создаваат тампон-зона за заштита на руските погранични региони и дека нивната цел сè уште не е да го заземат Харков.
