КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ

Северна Кореја тестираше балистичка ракета со нов систем

18.05.2024 11:52

Тестирањето го набљудувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун. Лансирањето го потврди и Јужнокорејската армија.

Северна Кореја потврди дека вчера кон Источно Море тестирала балистичка ракета. Тестирањето го набљудувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун. Лансирањето го потврди и Јужнокорејската армија.

Новите акции на Пјонгјанг следуваат на само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со борбени авиони.