Уапсен виш аналитичар во СВР Скопје
Одделот за внатрешна контрола ја фатила на дело, во моментот на постапување по пријава од тројца оштетени, при примопредавање на 12 и пол илјади евра, претходно криминалистички обработени...

Службено лице од МВР, вработено како виш аналитичар во СВР Скопје е фатено со над 10.000 евра од извршено кривично дело измама, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Вчера е лишена од слобода. Одделот за внатрешна контрола ја фатила на дело, во моментот на постапување по пријава од тројца оштетени, при примопредавање на 12 и пол илјади евра, претходно криминалистички обработени. Овие пари ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од б категорија.
Од претресот во службени простории кај неа биле пронајдени пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело, а кај неа дома е пронајдено оружје и муниција, кои ги поседувала најверојатно без дозвола. Од МВР велат дека испитуваат евентуална поврзаност на приведената со други високи полициски службеници.
