Се чека исказ на Палевски во Кривичен
Нема информации дали некој од тројцата адвокати што ги предложил Палевски ќе се согласи да го застапува во истрагата првоосомничениот за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски...

Додека се чека Љупчо Палевски од истражниот затвор „Идризово“ да биде спроведе пред јавен обвинител и да се изјасни за околностите поврзани со притворот, во јавноста фокусот е насочен и кон комплетирањето на неговата одбраа. Нема информации дали некој од тројцата адвокати што ги предложил ќе се согласи да го застапува во истрагата првоосомничениот за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Кривичниот суд ги проследил барањата за нивен ангажман. Која е постапката? Викторија Милевска разговара со адвокатот Јанаки Митровски.
