Летово ќе има вода за земјоделците
Летово ќе има вода за наводнување од акумулациите во струмичко за обработливите површини. Можни се рестрикции само од хидросистемот „Водоча“ од каде вода ќе се пушта само два дена. Од Водостопанското претпријатие во Струмица апелираат на рационално користење на водата …

Петте акумулациите во струмичко се полни и ќе има доволно вода за наводнување на земјоделските површини оваа лето. Вака велат од ВП Струмичко поле од каде информираат дека ќе има рестриктивно пуштање вода само од хидросистемот „Водоча“ по два дена во неделата од причина што добар дел од нивите не се обработуваат.
Ѓоргиев побара надградба на системот Турија и опфаќање на населените места Зубово, Моноспитово и Муртино населени места каде земјоделците нивите ги наводнуваат со бушотини.
Во добра кондиција се наоѓаат и хидросистемите градени пред половина век кои редовно се одржуваат и покриваат речиси 70 отсто од струмичкото поле.
Од водостопанското претпријатие апелираат до земјоделците летово рационално да ја користат водата и секој дефект на хидро системите навремено да се пријават за да се избегнат одредени рестрикции за наводнување на обработливите површини.
Ване Трајков
