Наредната недела Палевски на исказ во Кривичен
Првоосомничениот за грабнувањето и двојното убиство на 14-годишната Вања и велешанецот Панче, од понеделник ќе биде изнесен на распит во Кривичниот суд. Љупчо Палевски – Палчо предложил имиња на тројца адвокати кои сака да го застапуваат во истрагата. Нема да изненади фактот доколку тие одбијат да го застапуваат Палевски, смета адвокатот Јанаки Митровски...

Првоосомничениот за грабнувањето и двојното убиство на 14-годишната Вања и велешанецот Панче, од понеделник ќе биде изнесен на распит во Кривичниот суд за да се изјасни за мерката притвор која веќе му беше определена, откриваат за МТВ истражните органи. Љупчо Палевски – Палчо предложил имиња на тројца адвокати кои сака да го застапуваат во истрагата. Неговата молба, истражниот затвор ја проследил до скопска единица од каде што велат дека ги издаваат сите дозволи поврзани со процесот, а проследени се и барањата за ангажман на наведените адвокати. Нема да изненади фактот доколку тие одбијат да го застапуваат Палевски, смета адвокатот Јанаки Митровски.
Според Митровски исказот на Палевски во Кривичниот суд нема да ништо да промени во постапката, а јавниот обвинител во овој случај ќе се води од материјалните докази. Љупчо Палевски Палчо се товари за двојно убиство, за кое може да биде осуден на 10 години до доживотен затвор и за кривичното дело грабнување за кое може да добие казна затвор од 4 до 20 години. Во моментов тој издржува 30 дневен притвор под максимално обезбедување во скопскиот затвор.
Викторија Милевска
