Избори 2024

Продолжуваат разговорите на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ за состав на новата влада

18.05.2024 16:47

Зад затворени врати и без многу информации се одвиваат разговорите за формирање на владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“. И двете страни велат дека разговорите се одвиваат без проблеми, концентрирани на реформите и економијата за идниот период...

Зад затворени врати и без многу информации се одвиваат разговорите за формирање на владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“. И покрај низата објави на имиња и ресори, во двете партии тврдат дека сè уште е рано да се зборува за ресори и имиња на луѓе кои ќе ги раководат министерствата. И двете страни велат дека разговорите се одвиваат без проблеми, концентрирани на реформите и економијата за идниот период. Јавноста ја чека оптимистичката најава дека до следниот петок двете страни ќе се договорат за распределба на ресори и имиња. Аналитичарите не очекуваат турбулентен период во формирањето влада особено по најавата на Мицкоски за обезбедено сигурно парламентарно мнозинство од една страна, а од друга дека коалицијата „Вреди“ би ја испуштила шансата да покаже што умее. Уставните измени се во втор план иако не се заборавени, но дали ќе се камен на сопнување.

И аналитичарот Муслиу со сличен став, сè зависи од наративот по правењето договор за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“.

Еден од лидерите на „Вреди“, Африм Гаши за МТВ неодамна изјави дека помалку се битни ресорите и добивањето министерства од тоа да се спроведат реформи во клучните области и подобрување на животниот стандард.

 

Миле Ристески