Деветмесечно бебе почина во охридската болница
Деветмесечно бебе почина во охридската болница. Бебето било донесено со итна помош во неконтактибилна состојба. Напорите на лекарите за негова реанимација биле неуспешни, обдукцијата ќе треба да ги утврди причините за смртта …

Деветмесечно бебе почина во охридската болница. Вчера во СВР Охрид било пријавено дека во 08.10 часот утрото во Општа болница во Охрид починало бебето, кое претходно со Итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба.
Toa веднаш било префрлено на интензивна нега, каде лекарите се обиделе да извршат реанимација, но за жал не давало знаци на живот. Кои се причините за смртта не се знае, ќе треба да покаже обдукцијата, станувало збор за самохрана мајка на три деца.
„Било донесено во неконтактибилна состојба. Увид е извршен на местото од полициски службеници а по наредба на јавен обинител телото е предадено на обдукција“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Ова е втор смртен случај на бебе оваа недела во Охрид. Пред 4 денови во специјалната болница за ортопедија „Свети Еразмо“ почина 7 месечно бебе од Вевчани со повреди на главата. Според исказот на родителите паднало од кревет. Обвинителство работи на расчистување и на тој случај.
Соња Рилковска
