Активности во Градски парк во рамки на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“
Врсничкото насилство зема сè поголем замав во загрижувачки размери. Сериозен општествен проблем кој бара детектирање на состојбите за насилни побуди и превенција – апелираат познавачите и психолозите. Во Градскиот парк кампања „Крени глас против врсничко насилство“...

Сите заедно против врсничко насилство. Дечињата додека се забавуваа во Градскиот парк на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ имаа можност на бината да прочитаат различни пораки.
Нема место за врсничко насилство. Потребно е сите заедно да ја извојуваме оваа битка. Децата да растат во здрава средина. Повеќе кампањи и поголеми чекори на институциите бараат родителите.
И актерот Сашко Коцев е согласен дека потребно свеста да се подигне на повисоко ниво. Порака -да ги охрабриме децата да ги кажат проблемите со кои се сочуваат. Рецепт нема за да прекине врсничкото насилство, тоа е голем комплексен психолошки, општествен и социјален проблем. Сите заедно сплотени во борба против него.
Психолозите велат дека булинг имало отсекогаш но сега свесноста е на повисоко ниво. Голем е бројот на родители кои ги носат децата на психотерапија. Секогаш има две жртви а не жртва и насилник.
Бошковска додава дека за некое дете да повредува друго дете тоа така било учено од дома или во најмала рака изложено на насилство и слушал погрдни зборови. Советува родителите да ги остават децата во некои борби процесите да ги поминат сами но да бидат до нив за поддршка, да се работи со нив.
Ана Јосифоска Тодоровска
