дик

В среда на 22-ри мај ќе се прегласува на седум избирачки места

18.05.2024 17:00

В среда на 22-ри мај ќе се прегласува на седум избирачки места, шест во петата и едно во шестата изборна единица пресече Државната изборна комисија. Одлуката ја донесе откако Уставниот суд ги отфрли тужбите на коалицијата „Европски фронт“ . Разрешени се и изборните одбори. Неизвесно е но не се исклучува рокада на пратенички мандати...

На 22-ри мај ќе се прегласува на 7 избирачки места. Управен пресече, ДИК констатираше. В среда ново гласање ќе има на шест избирачки места во петата и на едно во шестата изборна единица. Неизвесна ситуацијата со пратеничките мандати на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ.

Според пресметките на партиите, со прегласувањето најмногу може да загуби ДУИ, два пратеника – по еден во петката и шестката. Во шестата изборна единица, „Европскиот фронт“ освои 9 мандати наспроти 7 на „Вреди“. Доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш резултатот ќе биде 8:8. Во петката, поништено е гласањето во 6 избирачки места. Таму ВМРО-ДПМНЕ доби 10 пратеници, „Европски фронт“ 4 и СДСМ тројца, но по прегласувањето може да се случи СДСМ да освои еден повеќе, а има и опција коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ да добие еден или двајца пратеници, во зависност од пресметката со Донтовиот модел.

 

Наташа Гркова Петрушевска