Приведена полицајка за кривично дело „измама“
Вработена аналитичарка во МВР е фатена како прима мито од 12 илјади евра за да посредува при доделување на социјален стан. Се истражува поврзаност и на други службеници. Обвинителството отвори истрага...

41-годишна полицајка, вработено како виш аналитичар во СВР Скопје е лишена од слобода. Колегите од внатрешна контрола на дело ја фатиле со 12 и пол илјади евра, во близина на полициска станица, веднаш по примањето на финансиите за наводно посредување за социјален стан. Парите биле претходно криминалистички обработени. Тројцата оштетени парите и ги давале во повеќе наврати. Се товари за кривично дело „измама“.
За случајот скопското Основно јавно обвинителство отвори истрага за продолжено кривично дело „измама“. Од април 2023, осомничената довела во заблуда три лица, на кои лажно им се претставила како началник во полициска станица Гази Баба и член на комисија за доделување социјални станови.
„На трите оштетени невработени лица им ветувала дека ќе им посредува да добијат социјални станови во Лисиче по цена пониска од реалната, наведувајќи ги да и исплатат по 12.000 евра за стан и 3.000 евра за посредување и изготвување документација“, се вели во соопштението од Јавно обвинителство Скопје.
По барање на Јавен обвинител судијата на претходна постапка ѝ изрече мерка на претпазливост.
Сузана Трајковска
