Одлуката на НАТО за членство на Црна Гора одложена за идната година
25.06.2014 13:55
Црна Гора се надеваше дека ќе добие покана за членството во Алијансата во септември...

НАТО следната година ќе донесе одлука дали да упати покана за членство на Црна Гора во Алијансата, изјави генералниот секретар на Алијанската, Андерс Фог Расмусен.
„Ќе почнеме интензивни разговори со Цран Гора и ќе одлучиме најдоцна до крајот на 2015 дали да ја поканиме државата да се приклучи на НАТО“, нагласи Расмусен.
Црна Гора се надеваше дека ќе добие покана за членството во Алијансата на средбата на виско ниво на НАТО што ќе се одржи во септември.
