Политика

Дуи одржува централно претседателство

18.05.2024 17:15

ДУИ одржува централно претседателство поврзано со евентуалните нерегуларности за 7-те изборни места од гласањето на 8-ми мај …

Претседателот на ДУИ Али Ахмети смета дека неправедно е за да се стават во прашање два мандати на Европскиот фронт. Ваквата ситуација посочи ги довела во состојба да повикаат ургентен состанок на претседателството, по кој ќе следат и средби со експерти, за како што рече неправдата која е направена на неговата коалиција. Овој момент правиме анализа на одлуките на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за повторување на изборите на изборните места, без да се консултира Фронтот, дополни Ахмети.

„Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност кои за жал политиката се плашиме дека ќе има влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме, да има некакво нивно придвижување, за што сме инвестирале доволно во ова место, во оваа држава, 22 години по ред, за инсталирање на консензуална демократија, меѓусебно разбирање, за нашето место да го унапредиме во НАТО и ЕУ, со нула проблеми со соседите“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Од ДУИ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „Вреди“ прават изборен инженеринг, со цел да го променат односот на бројките во собранието, преку политички договор на маса.

Со политички договори и монструозен антидемократски план се прави обид да се наруши волјата на граѓаните. Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор, дополнуваат од ДУИ.

 

Зоран Димовски