кабинет
Кадровски промени во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова
18.05.2024 19:10
За генерален секретар го именувала Ѓорѓи Божинов, дипломиран правник со работно искуство во областа на правото...

Кадровски промени во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За генерален секретар го именувала Ѓорѓи Божинов, дипломиран правник со работно искуство во областа на правото. За негов заменик е именуван новинарот Горан Момировски – кој беше соработник на Сиљановска и во нејзината претседателска кампања во 2019-та.
Според најавите на шефицата на државата се очекува во тимот во нејзиниот кабинет во поголем број да бидат жени. Треба да именува и свои советници од областа на безбедноста, меѓународните односи, комуникациите.
