Мицотакис: Почитување на договорот од Преспа
Грчкиот премиер Мицотакис одново потсети дека нема да има поместувања на европскиот пат на Македонија, доколку нема почитување на договорот од Преспа...

Продолжуваат предупредувањата од Грција, на адреса на новата влада и идниот мандатар Мицкоски. Грчкиот премиер Мицотакис одново потсети дека нема да има поместувања на европскиот пат на Македонија, доколку нема почитување на договорот од Преспа.
„Апсолутно ќе ставиме до знаење дека никаков напредок, во овој долг марш на Скопје кон Европа, не може да се постигне доколку нема апсолутно почитување на договорот од Преспа по прашањето за името, рече Мицотакис, во интервју за државната телевизија ЕРТ.
Мицотакис вели дека доколку не се користи името Северна Македонија и за домашна и за меѓународна употреба, нашата земја ќе создаде проблем не само во односите со Грција, туку и во односите со ЕУ.
