Временска прогноза
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
19.05.2024 08:33
Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
