Скопје

Вербални закани кон Кацарска, случајот пријавен в полиција

18.05.2024 20:37

57 годишен маж од Богданци вербално ја нападнал Кацарска во угостителски објект во центарот на Скопје, со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш“. Реагирало нејзиното обезбедување...

Вербални закани и загрозување на сигурноста кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен в полиција. 57 годишен маж од Богданци вербално ја нападнал Кацарска во угостителски објект во центарот на Скопје, со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш“. Реагирало нејзиното обезбедување.

Полицијата го привела, за настанот изјава дале неколку сведоци. Заканувачот заработи кривична пријава.

Претходно, на 15-ти овој месец во подземна гаража во центар, пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гаражното место на Кацарска. Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.