Четири експлозии во подземната железница во Каиро

25.06.2014 13:58

Засега никој не ја презема одговорноста, а Египет со месеци се соочува со бран насилства...

Најмалку четворица се ранети во две експлозии на подземните станици на железницата во Каиро во текот на утринската мешаница.

Засега никој не ја презема одговорноста, а Египет со месеци се соочува со бран насилства од исламистичките милитанти.

Насилствата се зачестија откако лани во јули  војската го смени исламистичкиот претседател Мухамед Морси.

Поранешниот командант на војската Ал Сиси, кој го симна од власт Морси, минатиот месец беше избран за  нов египетски претседател.