Украина

Напади врз Херсон, најмалку две лица загинати

19.05.2024 09:57

Најмалку две лица загинаа во нападите врз Херсон...

Украинските сили уништија 37 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта. Според шефот на воздухопловните сили, леталата „шахед“ беа соборени во неколку региони. Најмалку две лица загинаа во нападите врз Херсон.

Од друга страна, гувернерот на Белгород, тврди дека покрив на црквата се запалил по напад со дрон на украинските сили.