ИЗРАЕЛ-ХАМАС
Израел продолжува со нападите врз Рафах
19.05.2024 10:36
Израелската армија соопшти дека продолжува да дејствува во Џабалија и Рафах...

Илјадници активисти се собраа синоќа во центарот на Тел Авив со барање за предвремени избори и итен договор за ослободување на заложниците. Израелската армија соопшти дека продолжува да дејствува во Џабалија и Рафах.
Во исто време упатени повици Палестинците да се евакуираат од крајбрежните населби во северниот дел на Газа.
