Покрената голема операција во Франција, приведени 230 бунтовници
Францускиот министер за внатрешни работи, објави дека е покрената голема операција. Досега се приведени 230 бунтовници, а на островот Кајо е на сила забрана за собири и полициски час...

Франција почна голема операција во која учествуваат повеќе од 600 полицајци за целосно да ја врати контролата врз патот што го поврзува главниот град на Нова Каледонија и аеродромот на француската прекуморска територија. Во немирите шест лица загинаа.
Францускиот министер за внатрешни работи, објави дека е покрената голема операција. Досега се приведени 230 бунтовници, а на островот Кајо е на сила забрана за собири и полициски час.
Немирите почнаа минатата недела откако пратениците во Националното собрание во Париз гласаа за промена на Законот за да им се овозможи на повеќе француски граѓани да гласаат на локалните избори во Нова Каледонија.
