Безбедност

Закани врз високи функционери во Европа

19.05.2024 13:24

Атентатот врз словачкиот премиер Фицо го запали алармот. Дали овие случувања се поврзуваат со претстојните избори во Европскиот парламент по најавените преструктурирања за коалиции?

Зачестија заканите, притисоците и обидите да се загрози силната безбедност на високи функционери во европски и светски рамки. Атентатот врз словачкиот премиер Фицо го запали алармот. Дали овие случувања се поврзуваат со претстојните избори во Европскиот парламент по најавените преструктурирања за коалиции или се резултат на политиките на земјите кон војните? Викторија Милевска разговара со познавачот на овие состојби Зоран Додевски, армиски полковник во пензија.