Продолжуваат разговорите за формирање на нова Влада
По прегласувањето во петата изборна единица, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, очекува двотретинско мнозинство од 62 пратеници. Коалицијата „Вреди“ го пикира претседателското место во законодавниот дом. Таравари прво изјави дека ќе добијат и шест министерски позиции, па реагира со став-сè уште е рано да се каже. ВМРО-ДПМНЕ не открива детали за распределба на ресорите …

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ се блиску до конечното распределување на ресорите, иако се држат во тајност разговорите откако ги утврдија принципите на делување на новата Влада. Со прегласувањето во среда лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се надева на уште еден пратеник во петката и како што вели ќе бидат обезбедени 62 пратеници во Собранието а следната цел како што рече е две третини во Парламентот.
Еден од лидерите на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари, оптимистички гледа на формирањето влада со став дека на „Вреди“ ќе припаднат шест министерски места, но и спикерското место во Собранието.
Аналитичарот Александар Илиев изјавата на Таравари ја толкува како нормална работа кога се во тек преговори. „Вреди“ вели тој исцртува црвени линии.
Илиев за МТВ го коментира и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој сака да се претстави како жртва. Ваквиот наратив од ДУИ вели Илиев ќе го слушаме и следната година. Инаку Ахмети ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека тие се инженерите за прегласувањето во 7 избирачки места – ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност кои за жал политички се плашиме дека ќе имаат влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме, рече Ахмети.
Миле Ристески
