Здравство

Се одбележува 19 мај – Светски ден на семејниот лекар

19.05.2024 15:10

Светски ден на семејниот лекар. Колку граѓаните се грижат за своето здравје, дали практикуваат превентивни прегледи? Свеста за редовни контроли и проверки особено кај младата популација сè уште е на ниско ниво...

Најновите истражувања говорат дека лицата коишто прележале Ковид, односно помладата популација сè почесто имаат проблем со зголемен шеќер.

Лекарите апелираат дека превентивните прегледи за дијагностицирање на заболувања, пред сè за дијабетот се многу важни, но додаваат и дека свеста за редовни контроли и проверки особено кај младата популација сè уште е на ниско ниво.

Матичните лекари бараат да бидат ослободени од големите административни обврски, да добијат поголеми ингеренции, да се зголеми капитациониот бод, да се направи нов начин на финансирање на матичната служба. Континуирано се соочуваат со проблеми и при закажување термини кај специјалисти.

Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“ се одбележува 19 мај – Светскиот ден на семејниот лекар. Во Градскиот парк граѓаните можеа да измерат крвен притисок, гликемија и пикфлоуметрија. Специјалистите по семејна медицина даваа и совети за здрави животни навики.

 

Ана Јосифоска Тодоровска