Унгарија

Судир на брод и чамец на реката Дунав во Унгарија, се трага по исчезнати

19.05.2024 19:47

Доцна синоќа полицијата добила дојава дека на брегот на реката во близина на градот Вероча, северно од Будимпешта е пронајден повреден маж...

Две лица загинаа, а петмина се водат како исчезнати по судир на брод и чамец на реката Дунав во Унгарија. Доцна синоќа полицијата добила дојава дека на брегот на реката во близина на градот Вероча, северно од Будимпешта е пронајден повреден маж.

Истрагата утврдила дека на малиот чамец имало вкупно осум лица. Против непознат сторител е поведена кривична постапка.