Со исказот на Палевски би се завршила истрагата за двојното убиство
Од Обвинителството посочија дека по екстрадицијата на Палевски, обвинител продолжил да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски...

Се чека исказот на Палевски пред обвинител и судија на претходна постапка. Обвинителството ги истражило траекториите на сите осомничени во случајот со убиената Вања и велешанецот Панче. Од Обвинителството посочија дека по екстрадицијата на Палевски, обвинител продолжил да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
За петмина осомничени, истрагата е во завршна фаза, соопштија од Обвинителството. Извесно е дека по сослушувањето на Палевски, и анализа на доказите, обвинителката ќе ја заврши истрагата и за него, по што ќе следи покренување на обвинение против сите осомничени за двете убиства.
