СЗО

Намалување на внесот на сол може да спаси илјадници животи

19.05.2024 18:21

Кардиоваскуларните болести се причина за четири смртни случаи од 10 во Европа...

Имплементацијата на политиките насочени кон намалување на внесот на сол за 25 проценти може да спаси околу 900.000 животи изгубени од кардиоваскуларни болести до 2030 година, велат од СЗО за Европа. Кардиоваскуларните болести се причина за четири смртни случаи од 10 во Европа. 10.000 луѓе умираат од овие болести секој ден на Европскиот континент, а четири милиони годишно.

СЗО предупредува дека прекумерното консумирање сол го зголемува артерискиот притисок, кој е еден од главните фактори за развој на кардиоваскуларни заболувања кои можат да предизвикаат срцеви и мозочни удари.