Иран

Се урна хеликоптерот на претседателот на Иран

19.05.2024 19:07

Лошото време ги отежнува напорите на спасувачите да дојдат до местото, објави државната новинска агенција ИРНА...

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговиот министер за надворешни работи се урна минувајќи преку планински терен во услови на густа магла при враќање од посета на границата со Азербејџан, изјави ирански претставник за „Ројтерс“. Според него животите на Раиси и министерот се загрозени по несреќата, кој вели дека информациите кои доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки.

Лошото време ги отежнува напорите на спасувачите да дојдат до местото, објави државната новинска агенција ИРНА. Државната телевизија ја прекина својата редовна програма и почна со прикажување на молитви за Раиси низ целата земја, а во еден агол од екранот, во живо известуваат за спасувачките тимови кои пеш ја пребаруваат планинската област во густа магла.