Токсикологија

Вонредна контрола денеска на Токсикологија

20.05.2024 08:41

Здравствениот и санитарен инспекторат, денеска на вонредна контрола во Токсикологија. Треба да се потврди претходното решение дека не смее да има вработување на поранешни со договори само со потпис на еден директор, што на клиниката веќе го направила актуелната Бесија Илјази...

Здравствениот и санитарен инспекторат, денеска на вонредна контрола во Токсикологија. Треба да се потврди претходното решение дека не смее да има вработување на поранешни со договори само со потпис на еден директор, што на клиниката веќе го направила актуелната Бесија Илјази, велат од Инспекторатот.

Доколку не се почитува решението ќе има казни, вели директорката на санитарниот и здравствен инспекторат, Рената Младеновска. Отворено останува и прашањето дали министерот за здравство Демири постапил законски, бидејќи во изборен процес го разреши медицинскиот директор Петровски.

И покрај реакциите од вработени дека немаат комуникација со организациската директорка, која ја посочуваат за одговорна за хаосот на клиниката, Демири не ја разреши и Бесија Иљјази.