Избори 2024
Прегласување во седум избирачки места во среда
20.05.2024 09:00
Откако Управниот суд ги одби сите 7 тужби од Европскиот фронт, во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места во 5-та и во 6-та изборна единица. Вечер на полноќ почнува изборниот молк...

Откако Управниот суд ги одби сите 7 тужби од Европскиот фронт, во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места во 5-та и во 6-та изборна единица. Вечер на полноќ почнува изборниот молк.
По направената симулација на Државната изборна комисија, ќе се прегласува на по две избирачки места во општините Крушево и Долнени, и на по едно во Охрид, Струга и во општина Желино.
Можно е да дојде и до промена во распределбата на два мандата за пратеници.
