Израел
Напади врз бегалски кампови во Газа
20.05.2024 09:05
Напади врз бегалските кампови Нусејрат и Џабалија, како и врз градот Газа. Има жртви и повредени...

Не мирува состојбата на Блискиот Исток. Напади врз бегалските кампови Нусејрат и Џабалија, како и врз градот Газа. Има жртви и повредени.
Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан, ги посети Саудиска Арабија и Израел. Главна тема на разговорите била ситуацијата во Појасот Газа. Премиерот Нетанјаху се спротивставува на палестинската државност.
Во меѓувреме, Јордан побара меѓународна истрага за можни воени злосторства во палестинската енклава.
