Русјата Дума ја укина резолуцијата за употреба на воена сила во Украина

25.06.2014 15:05

Руската Дума засега ја укина резолуцијата со која на Путин му се дозволи употреба на веона сила во Украина. И покрај спротивставувањето од ЕУ, Австрија го потпиша договорот со Русија за снабдување со гас. Западот се закани со нови санкции за Москва...

На барање на претседателот на Русија Владимир Путин, Горниот дом на рускиот парламент ја укина резолуцијата со која му се дозволуваше употреба на воена сила во Украина. 153 пратеници беа „за“и само еден беше против. Барањето на Путин беше доставено пред да замине за Виена.
 
Министерот за наворешни работи на Швајцарија Дидие Буркхалтер изјави дека постојат и страни што не сакаат примирје во украинската криза, но пресудни ќе бидат главните актери, вклучително Русија.
 
„Разговорот за поддршка на мировниот план во целост беше позитивен, а по примирјето, целта е целосен прекин на судирите. Во петок треба да почне дијалогот, политичкиот процес“, вели Дидие Буркхалтер, министер за надворешни работи на Швајцарија.
 
Во Виена, Путин оствари средби со претставници на стопанската комора на Австрија. Ги обвини САД дека се обидуваат да ја спречат изградбата на „Јужен поток“.
 
„Некои полиитчари од западните земји посакувааат Европа која нема да биде толку зависна од рускиот гас. Прават се што е можно да пропадне договорот. Се работи за обична конкурентска војна“, изјави Путин.
 
За време на посетата во Виена, украинското население организираше протест против Путин. Проруските сепаратисти во источна Украина се согласија на привремениот прекин на огнот што го прогласи претседателот Петро Порошенко. Конечната одлука за воведување на оваа мерка беше донесена откако украински воен хеликоптер со 9-член екипаж беше соборен од страна на бунтовниците.