УКИМ го одбележува 75 годишниот јубилеј
Од денеска до 23-ти мај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира свечености по повод 75-годишнината од основањето...

Од денеска до 23 мај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира свечености по повод 75-годишнината од основањето.
Претпладнево, во 11 часот, во Ректоратот ќе бидат доделени наградите на најдобрите дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година и наградата „26 јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2022/2023 година.
За утревечер е предвидена Свечена академија во Македонската филхармонија на која ќе се обратат ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и претседателот на универзитетското студентско собрание, Александар Николовски, а ќе биде прикажан и филмот „УКИМ – 75 години академска извонредност“, по што следува уметничкиот дел од програмата.
