Словачка

Напаѓачот на Фицо можеби не дејствувал сам, вели словачки министер

20.05.2024 09:13

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат...

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат. Според словачкиот министерот за внатрешни работи, постои сомнение дека напаѓачот кој повеќекратно го застрела Фицо, можеби не дејствувал сам.

Експерти сметаат дека имало пропусти во безбедносните проверки кога политичарот решил да излезе на улица за да разговара со луѓето, што довело до трагедијата.