Тајван
Новиот претседател на Тајван побара Кина да престане да се заканува
20.05.2024 09:18
Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те, побара од Кина да престане да се заканува...

Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те, побара од Кина да престане да се заканува. Во инаугуративниот говор рече дека мирот е единствениот начин и оти Пекинг мора да го почитува изборот на тајванскиот народ.
Во меѓувреме, тајванското Министерство за одбрана соопшти дека шест кинески авиони ја преминале линијата во Тајванскиот теснец, која претходно служела како неофицијална граница.
