Скопје

Делови од три скопски општини денеска без струја

20.05.2024 09:32

Според добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради реконструкција, денеска без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини...

Според добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради реконструкција, денеска без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од с. Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул. 10 (општина Аеродром), во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците 

Од 10:30 до 14:30 часот без напојување ќе останат корисниците дел од улица 16, на патот кон Визбегово (општина Карпош), а од 13:00 до 14:30 часот без напојување ќе останат објектите на градинката Росица, на Ул. Мечкин Камен, Бр. 45А (општина Ѓорче Петров).