Во Македонија досега нема кривична пријава за Џихад
Македонската полиција досега не поднесла кривична пријава за Џихад. Законот е рестриктивен, а казните високи за оние што шират радикално насилство. Експертите оценуваат– станува збор за глобален проблем од кој не е поштедена ниту Македонија...

Ако нема кривична пријава, тоа не значи дека насилен екстремизам не постои. Демократските земји, меѓу кои и Македонија се потенцијални цели на радикалните фундаменталисти. Глобалното зло се шири и е причина војските и полициите да бидат постојано подготвени за евентуална интервенција.
„За жал радикалниот екстремизам е широко познат феномен. Политичкиот и верскиот радикализам е преточен во групи кои работат заедно. Радикалните групи се обучуваат во тренинг кампови и завршуваат како терористи, а терористите често се враќаат во земјите од кадешто потекнуваат. Затоа се собравме овде, да размениме информации и да позборуваме за патеките и стратегијата за борба против овој феномен“, смета Ралф Андреас Брет, амбасадор на мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Екстремистите од истокот се почесто регрутираат млади луѓе со словенски лик, најчесто од Албанија и Босна и Херцеговина. Без професија, индоктринирани со идеологијата на Ал Каеда, себе си се нарекуваат бели ѓаволи, а се обучуваат во специјални кампови.
„Екстремизмот е глобален проблем. Било каде во светот да отворите весник ќе прочитате за нови инциденти. Единствен начин за да му се спротивставиме е да работиме заедно, внатрешно но и меѓународно да се поврземе“, рече Пол Волерс, амбасадор на САД во Р. Македонија.
Ирак е последната адреса каде што војуваат околу две илјади вакви платеници. Се шпекулира дека во и Сирија моментално се наоѓаат 140 македонски албанци, но за тоа нема потврда.
Анита Димитријевска
