Жртви и повредени во руски напад врз областа Харков
Украинскиот претседател Зеленски вели дека силите обезбедиле посилни позиции и ефикасно ги уништуваат руските противници. Повторно ги повика западните сојузници да испратат дополнителни системи за воздушна одбрана...

Жртви и повредени во руски напад врз областа Харков. Украинскиот претседател Зеленски вели дека силите обезбедиле посилни позиции и ефикасно ги уништуваат руските противници. Повторно ги повика западните сојузници да испратат дополнителни системи за воздушна одбрана.
Русија почна офанзива во регионот Харков што значително го зголеми притисокот врз Киев, кој и натаму го очекува задоцнето снабдување од западните партнери.
„Нашиот примарен фокус е на сите области на воените дејствија, на целата одбранбена линија. Во текот на изминатата недела, обезбедивме посилни позиции во регионот на Харков, особено во областите на Часов Јар и други локации. Окупаторот не успева да ја постигне својата цел и да ја ослабне Украина од Харков до регионите на Донецк. Војниците, секој наредник, секој офицер, храбро и цврсто ги исполнуваат борбените наредби и ги држат нашите позиции“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
