Култура

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Филхармонија

20.05.2024 11:43

Диригент на концертот е маестро Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија...

На 23-ти мај во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и омега“, ќе настапи еден од најпознатите пијанисти денес, турскиот и светскиот уметник Фазил Сај. Овој извонреден пијанист, кој поседува навистина редок талент, а со кој повеќе од три децении директно допира до срцата на публиката и критиката, за македонската публика ќе го изведе маестралниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во c-moll, оп.37 од Лудвиг ван Бетовен.

Диригент на концертот е маестро Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија, а на програмата оваа вечер е и уште едно дело на генијалниот Бетовен, неговата увертира „Егмонт“ оп. 84, создадена по истоимената трагедија на Гете.

Во вториот дел од концертот, ќе биде изведена атрактивната Симфониска свита „Шехерезада“, оп. 35 на Николај Римски-Корсаков, создадена по мотивите од познатата бајка „1001 ноќ“.