Македонија

Преспанскиот договор не може да се менува, велат грчките власти

20.05.2024 11:57

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со нова порака до раководството на земјава-новиот претседател на Северна Македонија направи нелегален и провокативен избор да го прекрши официјалниот текст на нејзината заклетва и ја нарекуваат државата под друго име од она што е дефинирано со Уставот на самата соседна држава...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со нова порака до раководството на земјава-новиот претседател на Северна Македонија направи нелегален и провокативен избор да го прекрши официјалниот текст на нејзината заклетва и ја нарекуваат државата под друго име од она што е дефинирано со Уставот на самата соседна држава. Според тоа, не го прекрши само Договорот од Преспа, туку и Уставот на својата земја“, нагласува Мицотакис во интервју за грчкиот весник „Македонија“.

На три недели пред европските избори, грчкиот премиер со порака и до грчката опозициска партија СИРИЗА, која во парламентот ги достави на ратификација трите меморандуми од Договорот од Преспа, обврска која со години Грција не ја спроведува. Мицотакис повтори дека нема да ги ратификуваат меморандумите сè додека, како што рече раководството на Северна Македонија доследно не ги почитува одредбите од Преспанскиот договор.

Со слична порака и шефот на дипломатијата Герапетритис-Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано.