Судство

Палевски ќе биде спроведен на распит во Кривичниот суд

20.05.2024 12:10

Според информациите, Обвинителството ја завршило истражната постапка и се очекува наскоро да покрене обвинение против осомничените во случајот со двојното убиство, што признаа вина...

Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, треба да биде донесен на распит во Кривичниот суд.

Според информациите, Обвинителството ја завршило истражната постапка и се очекува наскоро да покрене обвинение против осомничените во случајот со двојното убиство, што признаа вина.

Палевски деновиве побара ангажман на тројца адвокати, но се поизвесно е дека по службена должност ќе му биде одреден бранител.

Палевски е во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари. Ставен е под специјален безбедносен режим, во посебна ќелија и со засилено обезбедување.