МВР

Приведени крадци во Прилеп

20.05.2024 12:13

На 19.05.2024 во 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.С.(27) и Д.Д.(22), двајцата од Прилеп...

На 19.05.2024 во 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.С.(27) и Д.Д.(22), двајцата од Прилеп, информираат од МВР.

Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ од плац на правно лице од Прилеп. Притоа, тие физички нападнале полициски службеник кој не бил на работа, а го пријавил настанот.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава., се наведува во соопштението.